Индивидуално признание за Македонецот: Пешевски во тимот на колото во Бундес лигата (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Жарко Пешевски се најде во идеалниот тим на 24. коло во Бундес лигата.

Пикерот на Штутгарт имаше одличната партија против составот на Гепинген, и успеа да постигне четири голови од четири обиди.

Заедно со Пешевски во идеалниот тим се најдоа и голманот на Кил – Никлас Ландин, потоа Шилер од Гепинген, Михалчик од Минден, Дурак и Милер од Лудвигсхафен, како и Карлсбогард од составот на Лемго.

По победата над Гепинген, Штутгарт и Пешевски се поместија од дното на табелата и во продолжение од сезоната ќе имаат помалку грижи околу опстанокот.