Ина Суслина по вторпат стана мајка (ФОТО)

Легендарната руска ракометарка и некогашна членка на Вардар, Ина Суслина, минатата недела имаше причини за голема радост.

Таа по завршувањето на кариерата и проектот Вардар, остана да живее во Скопје и тука формираше семејство.

По ќерката Миа што ја доби пред две години, Суслина и нејзиниот сопруг Емануел станаа родители на синот Тео.

Суслина во Вардар мина шест сезони, пет пати играше на Ф4 во Лигата на шампионите и три пати стигна до второто место.