Им ја „земаа“ титулата, па ги почестија со пиво од спонзорот и „гланц“ соблекувална (ФОТО)

Висла Плоцк и Келце одиграа фантастично дерби кое беше одлучувачко за новиот шампион за Полса.

Натпреварот заврши 20:20, резултат кој му донесе на Келце нова титула, а потоа имаше и пенал рулет бидејќи според правилата на полската федерација, не може меч да заврши реми.

Рулетот го доби тимот на Душебаев со 3:5 по заслуги на голманот Вулф, но тоа немаше влијание на конечниот резултат, бидејќи на табелата се смета само резултатот од регуларниот дел.

После натпреварот тимот на Талант Душебаев знаеше да прослави, а на домаќинот му оставија чиста соблекувална и едно шише пиво од спонзорот „Ломза“ и порака „Добра ноќ Плоцк“.