„Имав понуда од Вардар, но се одлучив за Мешков Брест“

Ракометарот на Мешков Брест кој доаѓа од Франција, Баптис Бонефон во изјава за сајтот на клубот потврди дека имал понуда да направи трансфер во редовите на Вардар, но не го направил тоа бидејќи се одлучил за проектот на шампионот на Белорусија.

Воедно на негова адреса имало пристигнато неколку понуди што е показател дека за неговите услуги имало неколку заинтересирани тимови.

„Имав понуди од Германија, но и од шампионот на Македоија, Вардар. Имаше понуди и од неколку екипи од Франција. Размислував и одлучив тоа да биде Мешков Брест. Тимот игра во Лигата на шампионите, а стигна до четврт-финалето минатата сезона. Мислев дека ќе биде интересен предизвик“, вели Бонефон.

Имаше две гостувања во Македонија во кратко време, но не може да ги памети по добро. Против Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата доби црвен картон, а против Вардар тоји неговите колеги си заминаа со висок пораз од 27:35.