ИЗНЕНАДУВАЊЕ за Данска: Селекторот Лазаров нема да игра, шанса добиваат Ѓорговски и Аларов! (ФОТО)

По триумфот над светскиот првак со 33-29 што силно одекна во ракометната јавност, денеска Македонија ќе има нова двобој со Данска.

Селекторот Кире Лазаров нема да може да смета на Стојанче Стоилов, кој има повреда на половината. Ниту тој самиот нема да биде во ростерот, како ниту Филип Миркуловски.

Во ростерот за денешната средба ќе бидат Мартин Серафимов, Емилијан Ѓорговски и Михаил Аларов. Кај Данците составот е истиот од првиот натпревар.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во „Гигантиум Арена“ во Алборг со почеток во 16:00 часот.