Избегнато германско полуфинале – познати двојките за Ф4 во Лигата на Европа

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за завршниот турнир во Лигата на Европа.

Во првиот полуфинален ќе се сретнат францускиот Монпелје и германскиот Фуксе Берлин, кој останува најголем фаворит на Ф4.

Во второто полуфинале ќе играат шпанскиот Гранољерс кој направи големо изненадување со елиминацијата на Фленсбург, и германскиот Гепинген, кој претходно го елиминира Нексе Нашице.

Завршниот турнир во второто по квалитет клупско европско натпреварување ќе се одржи во Фленсбург на 27 и 28 мај.