Идејата за дрим тимот на Кастамону продолжува да живее, доаѓаат Радичевиќ, Мехмедовиќ…

Екипата на Кастамону остана без својот тренер Хеле Томсен, но брзо успеа да најде замена во Црногорецот Драган Аџиќ кој ќе го продолжи опстојувањето на сонот за дрим тим.

Покрај назначувањето за тренер на Аџиќ во екипата доаѓаат и неколку ракометарки на Будуќност кои ќе го направат силен овој состав и конкурентен за висок пласман.

Јованка Радичевиќ, Милена Раичевиќ, Мајда Мехмедовиќ и Марина Рајчиќ се четирите нови ракометарки кои треба да дојдат во Кастамону во текот на следната сезона заедно со тренерот Драган Аџиќ.

Покрај нив се очекува во клубот да остане и Аманда Куртовиќ, која дојде на барање на Хеле Томсен. Репрезентативката на Норвешка има договор до крајот на сезоната, но се очекува истиот да го продолжи и да остане дел од тимот кој се создава.

Овие пет имиња веќе даваат големи надежи за екипата бидејќи се работи за квалитетни и искусни ракометарки така што е сосема јасно дека Кастамону останува проект од кој може да се очекуваат големи резултати на европска сцена.

Аџиќ од следната сезона во Кастамону, доаѓаат и четири Црногорки!