Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.
Резултати, плеј-оф/плеј-аут, 3 коло:
Вардар – Еурофарм Пелистер 35-27 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Охрид 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург – Еурофарм Пелистер 2 36-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Струга 22-21 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Радовиш 20-17 (ИЗВЕШТАЈ)
Јуниор КВ – Работнички 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – КЛ7 30-40 (ИЗВЕШТАЈ)
Младост Богданци – Тиквеш 21-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО
ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Црногорскиот чувар на мрежата беше еден од најзаслужните за триумфот на „гладијаторите“ на тешкото гостување кај составот на Пролет.
ЛЕВО КРИЛО: Милан Поповиќ (Металург) – Тимот од Автокоманда ја забележа првата победа во суперлигашкиот плеј-оф, а еден од најдобрите стрелци беше токму Поповиќ со осум гола.
ЛЕВ БЕК: Кристијан Дисингер (Вардар) – Германецот го одигра веројатно еден од подобрите натпревари оваа сезона и беше меѓу клучните фигури во победата над Еурофарм Пелистер.
СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Како одминува времето, така хрватскиот плејмејкер игра се подобро. Со седум гола беше најдобар стрелец заедно со Дисингер на дербито против Еурофарм Пелистер.
ДЕСЕН БЕК: Денис Тот (Охрид) – Хрватскиот десен бек продолжува да игра во одлична форма оваа сезона. Голманите на Пролет немаа решение за него и тој успеа да погоди дури десет пати.
ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Металург) – Десното крило постигна девет гола против вториот тим на битолчани и потврди дека е лидер на тимот од Автокоманда оваа сезона.
ПИВОТ: Марко Трајковски (Јуниор КВ) – Поранешниот младински репрезентативец на Македонија беше најдобар стрелец на тимот од Кисела Вода и постигна седум гола во важниот триумф над Работнички.