Победничко деби за Марковски, сефте за Металург во плеј-офот

Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во суперлигашкиот плеј-оф. По поразот од Пролет и ремито со Струга, тимот од Автокоманда славеше над Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36-23.

Уште од стартот домашните поведоа со 5-1 и со тоа беше најавено победничкото деби на Иван Марковски на клупата на Металург. Беше и 6-2, пред да се случи прекинот на десет минути и повредата на Марко Тарабокија, кој беше изнесен на носилки од теренот.

Битолчани во продолжение успеаја да намалат во два наврати на три разлика, но домашните беа решени да слават убедливо. На паузата беше 17-11 за Металург, а во вториот дел крилата на домашниот тим, Поповиќ и Хорват ги казнуваа сите грешки на гостите.

Немаше неизвесност до самиот крај, а предноста на металурзи растеше до конечните плус 13 разлика, 36-23.

27 март 2021
36 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 март 2021 15:23 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 27.03.2020 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1736Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21123Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек00
6Милан Поповиќлево крило08
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило02
13Златко Хорватдесно крило09
15Василије Калуѓеровиќлев бек08
17Мартин Серафимовдесен бек02
19Милан Лазаревскипивот03
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек01
27Теодор Тодескилев бек10
28Андреј Митиќпивот10
42Момир Рниќлев бек12
44Стефан Додиќцентрален бек21
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 536

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Јован Талевскицентрален бек00
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек05
9Васко Димитровскипивот00
10Христијан Митревскидесен бек02
11Симон Мирчевски-01
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек15
23Стефан Талевскицентрален бек04
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек12
44Ненад Белистојановски-00
51Димитар Бардакоскиголман00
88Димитриј Блажевскидесен бек02
99Филип Арсеновскипивот11
 Вкупно 323

Officials

Делегат:Судии:
КУРТОВИЌ ЦАНОКОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515