Струга беше одличен противник, но Бутел Скопје искусно во финиш до бодови

Екипите на Бутел Скопје и Струга одиграа интересен натпревар на стартот од 3. коло во Супер машката лига, a домашните беа подобри за еден погодок и славеа со 22:21.

Првите неколку минути беа со предност на гостите, а потоа следуваше подобра игра на домашните. Тие успеаја да го преземат водството и откако поведоа со 5:3 успеаја да издржат постојано на два гола предност.

Стружани успеаја да парираат и да бидат рамноправен противник, но само се одржуваа на негативата од два гола. Практично се следеа во играта и постојано Бутел Скопје беше во предност така што немаше поголем проблем за да се обезбеди предност од два гола, 12:10, на крајот од првите 30 минути.

После 12:10 на полувреме домашните одлично го отворија вториот дел. Успеаја набрзина да дојдат до 17:13 и овие четири гола им гарантираа сигурност. Сепак, место тоа во продолжението гостите имаа свои минути.

Полека успеаја да се стабилизираат, а откако Бутел имаше 19:15 дојде до серија од 4:0 и на десет минути до крајот беше нерешено 19:19. После три минути надигрување домашните одново поведоа, а минута подоцна тимот на Струга можеше одново да израмни, но Блажески успеа да интервенира.

Бутел Скопје успеа да дојде до два гола предност користејќи ги одбраните на Блажески, а потоа овие два гола ги чуваше. Гостите испуштија 2-3 шанси за да стигнат до нерешен резултат. Намалија на 22:21, а потоа на 23 секунди домашните побараа и тајм-аут и искусно ја зачуваа топката за победа и три важни поени.

26 март 2021
22 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 март 2021 19:30 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 26.03.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1222Победа
СТРУГА1021Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек01
7Томче Стојановскилев бек02
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило03
17Бојан Спасовскидесен бек00
18Христијан Милошевскилев бек00
23Горан Печенковскицентрален бек02
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-07
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот02
34Кристијан Василевскипивот00
64Мирко Мајиќлево крило04
 Вкупно 122

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-01
4Христијан Крстаноскилев бек10
5Бобан Савески-00
7Пеце Рајатоскидесно крило02
10Вук Лакичевиќдесен бек04
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Мартин Јовановскиголман00
14Славиша Димитријескицентрален бек00
18Богдан Николиќцентрален бек13
23Игор Илиевскилево крило00
24Ненад Костоскилево крило00
25Вукашин Ракочијалев бек09
44Дарио Симоноскипивот10
55Филип Пајкоскипивот01
77Никола Цветаноскилев бек00
 Вкупно 321

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515