Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 17. КОЛО
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 2020 37:26 – ИЗВЕШТАЈ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ 26:22 – ИЗВЕШТАЈ
ПРОЛЕТ – СТРУГА 30:22 – ИЗВЕШТАЈ
ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ 24:31 – ИЗВЕШТАЈ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД 34:25 – ИЗВЕШТАЈ
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ОДЛОЖЕНО
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Јане Цветковски (Пролет) – Имаше добар ден, а во моментите кога се правеше одлучувачката предност тој беше играчот кој одигра на ниво и придонесе за создавање на позитива што беше доволно за победа.
ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – И во пролетниот дел од сезоната продолжува во иста форма. Одработе на ниво и постигна шест гола.
ЛЕВ БЕК: Иван Џонов (Пролет) – Ги предводеше стрелците во редовите на Пролет. Имаше шест гола со кои беше најефикасен во победата против составот на Струга.
СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Кавадарчани имаа одличен лидер во него во новата победа. Тиквеш славеше во Прилеп, а Симиќ постигна седум гола.
ДЕСЕН БЕК: Андре Буторац (Еурофарм Пелистер 2) – Одигра една од најдобрите средби во оваа сезона. Со шест гола ги предводеше своите колеги во победата против тимот на Скопје.
ДЕСНО КРИЛО: Јосип Божиќ-Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – Покажа дека селекторот на Хрватска погреши кога не го повика на ЕП. Одигра ефикасно на првиот дуел постигнувајќи осум гола.
ПИВОТ: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – Одработе убава средба против Охрид. Имаше забележителна партија, а средбата ја заврши со пет погодоци.