ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната е веќе е во финишот на битките за титулата и за опстанокот, а љубителите на ракометот имаа можност да следат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум и за претпоследното коло, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.

Според Вас кој е најдобар ракометар на 13. коло во македонската Суперлига?

Василије Калуѓеровиќ - лев бек - Металург
38.34%
Aлександар Тренчевски -пивот - Прилеп
18.50%
Јосип Периќ - среден бек - Еурофарм Пелистер
9.65%
Иван Чупиќ - десен бек - Вардар
8.85%
Зоран Стојановски - лево крило - Радовиш
8.85%
Златко Хорват - десно крило - Металург
8.31%
Aлександар Стојаноски - голман - Тиквеш
7.51%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2          23:31 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ       36:35 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ – ВАРДАР         22:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – СТРУГА             21:20 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО

МЛАДОСТ – ПРИЛЕП    33:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ    25:18 (ИЗВЕШТАЈ)

АСТРАИОН – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА    16:25 (ИЗВЕШТАЈ)

КЛ 7 – РАДОВИШ            23:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО

ГОЛМАН: Александар Стојаноски (ГРК Тиквеш) – Одработи одлично во клучниот натпревар за опстанок. Имаше важни интервенции во победата против тимот на Работнички.

ЛЕВО КРИЛО: Зоран Стојановски (Радовиш) – Уште еден добар натпревар за ракометарот на Радовиш. Со осум гола тој беше најефиксниот во победата против КЛ 7.

ЛЕВ БЕК: Василије Калуѓеровиќ (Металург) – Интернационалецот од Црна Гора во редовите на Металург имаше една од најдобрите средби откако дојде во Автокоманда. Постигна десет гола.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Игра во голема форма на крајот од сезоната. Против вториот тим на Еурофарм Пелистер стигна до 11 погодоци.

ДЕСЕН БЕК: Иван Чупиќ (Вардар) – Со осум гола беше најефикасен играч на Вардар во новата победа со која „црвено-црните“ дојдоа на чекор од титулата.

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Металург) – Повторно имаше натпревар во кој беше незапирлив кон голот на противникот. Против Бутел Скопје стигна до десет погодоци.

ПИВОТ: Александар Тренчевски (Прилеп) – Имаше само три гола, но неговиот придонес во играта беше од големо значење. Прилепчани се на чекор од опстанок во Супер лигата.