Прилепчани ја решија задачата, освоија три бода и останаа во трка за опстанок

Ракометарите на Прилеп дојдоа до победа од 37:33 на гостувањето кај Младост во Богданци со што останаа во трка за опстанок и во последното коло против ГРК Тиквеш ќе имаат задача да го потврдат директниот опстанок меѓу тимовите кои и следната година ќе играат во Супер лигата.

Од почетокот на средбата Прилеп беше во предност и имаше водство кое постојано се зголемуваше. Имаше 6:0 и овие шест гола разлика дадоа можност да се одигра мирно и постојано да се биде во предност.

Со контрола на резултатот и игра во која постојано се имаше предност ракометарите на Прилеп лесно дојдоа до позитива од 21:12 на одмор и тука го решија победникот.

Вториот дел беше одигран далеку поопуштено и тоа отвори шанса за Младост да го ублажи поразот. Иако домашните намалија не можеа повеќе од негатива од четири гола така што на крајот бодовите беа за Прилеп после победата од 37:33 и на свој терен во последното коло прилепчани ќе се борат и за првото место во плеј-аутот од Супер машката лига.

30 мај 2021
33 - 37
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
30 мај 2021 20:19 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 30.05.2021 60'

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 19771233Пораз
ПРИЛЕП2137Победа

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Димитар Пеевлево крило00
4Руслан Хончаровпивот04
7Никита Лошчаковлев бек04
9Стојан Наумовскилев бек02
12Горан Паунковголман01
16Александар Мицевголман00
17Иван Стојчевскидесно крило00
22Никола Димитровдесно крило09
23Мартин Фидановпивот00
25Саша Михајловиќцентрален бек01
27Горан Лисичковцентрален бек00
30Александар Лупашколев бек02
33Никола Роглевдесен бек15
35Митко Стоиловлев бек05
39Далибор Лукиќдесен бек00
 Вкупно 133

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот13
7Хазеин Рустамовлево крило010
9Христијан Бикоскилево крило02
10Сашко Манческипивот02
11Владимир Трајкоскилев бек12
12Иван Ангелескиголман00
14Даниел Андоновскилев бек05
18Давор Шокоскилев бек04
19Антонио Бурчевскипивот10
21Стефан Лозаноски-00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило08
25Златко Везенковскицентрален бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек01
77Зураб Цинцадзеголман00
 Вкупно 337

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092