Радост во Кавадарци, ГРК Тиквеш си обезбеди опстанок во Супер лигата

Со победата од 25:18 против тимот на Работнички екипата на ГРК Тиквеш обезбеди важни бодови со кои практично ја визираше својата позиција во Супер машката лига во следната сезона.

Според ситуацијата на табелата веќе е јасно дека ГРК Тиквеш нема да може да биде трет и прашање е само дали ќе опстане како првопласиран или како второпласиран.

На денешната средба немаше дилеми околу победникот бидејќи уште од почетокот на средбата домашните беа во предност. ГРК Тиквеш тргна решително и постојано беше во предност. Водството се зголемуваше и постојано беше 5-6 гола така што немаше дилеми околу тоа кој оди на полувреме со водство.

На паузата резултатот беше 14:8 така што немаше поголем проблем да се продолжи во средбата со мирна игра и да се чува предноста. Екипата од Кавадарци одигра мирно и имаше целосна контрола така што до крајот на натпреварот ракометарите знаеја да одиграат добро и да останат во позитива.

Во ниту еден момент тимот на Работнички не беше закана за победата на ГРК Тиквеш, па на крајот беше 25:18 за домашните. Со оваа победа составот на ГРК Тиквеш го потврди опстанокот и дуелот од последното коло против екипата на Прилеп ќе биде само за првото место на табелата.

30 мај 2021
25 - 18
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
30 мај 2021 20:44 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 30.05.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141425Победа
РАБОТНИЧКИ818Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Марјан Велковголман00
3Пеце Ѓорѓиоскипивот12
6Стефан Колоскилев бек00
9Орданчо Лазовлево крило13
12Александар Стојаноскиголман00
14Душан Медиќцентрален бек13
18Вања Смиљаниќдесен бек14
19Дејан Гошевскидесен бек01
23Костадин Петровпивот00
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило12
34Страхиња Симиќцентрален бек07
77Јане Јанчевцентрален бек03
92Лазар Стојанов-00
24Дарко Кондевлево крило10
 Вкупно 625

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Јаков Пановскипивот00
4Бојан Стојчевскицентрален бек00
5Стефан Чакалиќлево крило00
9Дамјан Јакимовскидесно крило01
10Давид Димескилев бек00
13Енес Идризилев бек00
14Христијан Чакалиќцентрален бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот00
21Давид Савревскидесно крило11
22Лука Вујовиќпивот13
23Тoше Ончевцентрален бек28
28Петар Виларовголман00
31Виктор Крстевскилево крило02
33Стефан Крстевскицентрален бек02
77Ѓорѓи Дукадесен бек01
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 418

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП861121
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2860221
3МРК КУМАНОВО861120
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ821510
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092