Братската пресметка во Битола за поискусните

Во братската пресметка во Битола, Еурофарм Пелистер очекувано ја однесе победата против втората екипа со убедливи 31:23 во рамки на 13. коло од плеј-оф групата во Супер лигата.

Избраниците на Жељко Бабиќ во првите минути имаа водство од 2:1, а во продолжението младата екипа на Еурофарм Пелистер 2 преку Атанасијевиќ Павле резултатски се одржуваше во игра. По десетина минути, резултатот беше 4:3 за Еурофарм Пелистер.

До крајот на првиот дел, поискусната екипа на „фармацевтите“ ја користеше секоја грешка на младата екипа предводена од Александар Јовиќ. На полувреме, Еурофарм Пелистер замина со предност од четири разлика, 14:10.

Второто полувреме помина во рутинска контрола на резултатот од страна на Еурофарм Пелистер. Втората екипа на моменти ги покажуваше своите квалитети, но немаше големи шанси за изненадување. Веќе во 42. минута, Еурофарм Пелистер се одлепи на 21:15 и до крајот немаше поголеми проблеми.

Во последните петнаесетина минути од натпреварот и двајцата тренери шанса им дадоа на ракометарите кои обично добиваат мала минутажа во суперлигашките дуели.

31 мај 2021
23 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
31 мај 2021 20:29 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 31.05.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21023Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1431Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Јован Талевскицентрален бек00
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек24
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек02
11Симон Мирчевски-16
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек13
19Стефан Андонов-00
22Иван Димитровскилево крило21
23Стефан Талевскицентрален бек02
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек02
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек11
88Димитриј Блажевскидесен бек00
 Вкупно 723

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Гоце Ојлескилево крило22
4Никола Маркоскипивот01
6Бојан Маџовскилево крило02
7Дејан Кукуловскилев бек00
8Цветан Кузманоскилево крило00
10Томислав Кушанпивот03
13Мирко Радовиќдесен бек25
14Марио Танкоскицентрален бек03
16Благојче Трајкоскиголман00
18Јосип Периќцентрален бек011
19Ненад Костескидесно крило02
21Градимир Чаневскиголман00
24Милорад Кукоскилев бек00
27Дарио Петровскилев бек00
59Елмир Граџанпивот02
66Милан Ѓукиќдесно крило10
 Вкупно 531

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515