Играше три сезони во Македонија, сега се врати дома!

Десниот бек Жарко Барјактаревиќ по три сезони настапи во македонската Суперлига, ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој се врати во неговата татковина и наредната сезона ќе ги брани боите на амбициозниот Раднички Крагујевац.

Бајрактаревиќ со успех настапуваше по една сезона во редовите на Јуниор Кисела Вода, Струга и Скопје.

Во Србија, десниот бек освен за Раднички Крагујевац, настапуваше и за тимовите на Железничар Ниш и Врање.