Играчите во карантин, платите намалени за две третини

Додека трае паузата поради коронавирусот секој ден пристигаат вести дека платите на ракометарите и општо на спортистите се намалуваат.

Тимот на Мотор Запорожје кој сезонава играше во СЕХА лигата одлучи да ги „изненади“ своите ракометари со големо намалување на платата која ја добиваа додека сè беше во најдобар ред и се играа натпревари и нормално се тренираше.

Додека трае карантинот ракометарите на Мотор Запорожје ќе имаат плати кои ќе бидат помали за две третини од оние кои досега ги земаа што е големо кратење н а примањата.

Засега нема реакција од ракометарите, но во ваква ситуација кога целиот свет е во мирување очигледно и немаат друг избор.