Ивона Трпевска е нов капитен на Вардар

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, во оваа сезона ќе има нов капитен, таа функција долго време ја имаше Бојана Диневска, која смени средина во текот на летниот преоден рок.

Вардарки мораа да изберат нов капитен и сосема очекувано таа чест и припадна на една од најискусните, ракометарката со лидерски капацитет Ивона Трпевска.

Вардаровото крило во сезоната 2023/2024 ќе ја предводи екипата како капитен, додека нејзина замена ќе биде голманката Андреа Илиќ.

Тимот на Александар Царчев во минатата сезона заврши на 4. позиција во македонскиот шампионат и го освои второто место во Купот на Македонија.