Ива Велкова ја продолжи соработката со Ѓорче Петров

Една од помладите ракометарки во Ѓорче Петров, Ива Велкова ја продолжи соработката со клубот и во новата сезона ќе биде дел од тимот кој ќе атакува на првите позиции вo Женската лига.

Перспективната ракометарка минатата сезона остави добар впечаток на раководството на клубот, а исто така беше и најдобар стрелец на завршниот турнир од пионерската лига.

Велкова очекува успешна сезона за Ѓорче Петров, но и враќање на стариот сјај на екипата.

„Со оглед на тоа дека сум меѓу најмладите играчи, клубот ми пружи одлична прилика да стекнам поголемо искуство и да напредувам со тоа што ќе тренирам со поголеми и поискусни играчи од мене. Амбициите на клубот се пласман меѓу првите четири екипи во домашниот шампионат, како и излез на европска сцена. Со тоа што клубот донесе нови тренери и играчи, мислам дека сезоната која следи пред нас ќе биде успешна и ќе претставува почеток на враќањето на стариот сјај на Ѓорче Петров“, изјави Велкова за 24 Ракомет.

Договорите со Ѓорче Петров ги продолжија и Ања Велкова, Ангела Цветановска, Ива Петровска, Ивана Антевска, Вероника Домазетоска и Анастасија Трпеска.