Иван Чупиќ: Jасна е идејата на ЕХФ, богатите нека играат, а малите служат само за промоција

Ракометарот кој учествуваше во освојувањето двете титули на Вардар во Лигата на шампионите, а и во двете покажа дека е од големо значење за тимот бидејќи постигнуваше клучни голови, Иван Чупиќ имаше интересна изјава поврзана со одлуката на ЕХФ да ги елиминира речиси сите осминафиналисти и директно да ги прогласи полуфиналистите.

Според Чупиќ клубовите тука треба да бидат единствени и да кажа НЕ на ваквиот потег на ЕХФ да ги однесе богатите во Келн во годината кога не можеше да се одиграат сите средби.

„Ова што е направено дефинитивно не е регуларно. Никого не му е грижа за клубовите, а мислам дека сите клубови во оваа ситуација би требале да бидат единствени и да речат дека не сакаат да играат. Работата е јасна, богатите нека играат, а малите нека им служат за промоција на ракометот. Мислам дека беше важно во оваа ситуација да им се помогне на сојузите и на клубовите на некој начин бидејќи ситуацијата е тешка, опасна за иднината. Што ако се продолжи? Не сакам ни да помислам на тоа. Прашање е колку воопшто клубовите ќе успеат да преживеат. Се плашам дека сите нас не чекаат тешки времиња,а знам дека сега е важно единствено да се остане здрав“, рече Чупиќ.

Како што е познато според одлуката на ЕХФ на Ф4 место има само за Барселона, ПСЖ, Кил и Веспрем. Вардар кој е актуелен првак нема да може да ја брани титулата, а не доби ниту можност да се соочи со Пик Сегед во осминафиналето.