Иван Галевски е МВП на мечот со Грузија (ФОТО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја запиша втората победа на Светското првенство во Хрватска.

Македонските кадети во рамки од последното коло од групната фаза ја совладаа Грузија со 27:21 и го заверија пласманот во следниот круг од кадетскиот Мундијал.

Одлична партија во „црвено-жолтиот“ дрес имаше голманот Иван Галевски, кој на крајот беше прогласен за најкорисен играч, односно МВП.

На вчерашниот меч, против Црна Гора, признанието за најкорисен играч заврши во рацете на голманот Давид Брестовац.

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.

Рутински одработена задачата со Грузија: Македонија е во ТОП 16 во светот!