Брестовац ги откажа Црногорците и стана МВП на мечот (ФОТО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Светското првенство во Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ во рамки од второто коло славеа убедлива победа против Црна Гора со девет гола разлика, 29:20.

Голема заслуга за победата имаше голманот Давид Брестовац, кој имаше фантастична партија на голот и беше избран за МВП на натпреварот.

Македонија со победата над Црна Гора ги задржа шансите за пласман во следната фаза на кадетскиот Мундијал.

Ракометарите на Македонија утре играат против Грузија од 17:30 часот, додека Црна Гора од 19:30 часот ќе се соочи со Норвешка.

Црна Гора падна пред Македонија, кадетите на чекор до главна рунда на СП!