Зошто Скандинавците ги напуштаат бундеслигашите – главни причини се Колштад и данските закони!

Сè поголем број скандинавски ракометари ја напуштаат Бундес лигата и се враќаат во својата татковина. Германските новинари истражија која е главната причина зошто се случува ова.

Никлас Ландин кој треба да премине од Кил во Алборг смета дека семејството добива премалку внимание и тоа е една од причините поради кои тој се враќа дома.

„Семејството е најважно нешто во животот. Во последно време сè потешко наоѓам време за најблиските. Причина за тоа се честите патувања и ограничувањата заради ковид протоколите. Не можам ниту да им помогнам на роднините“, рече Ландин.

Норвешките ракометари масовно се селат во Колштад, огромен ракометен проект кој ќе го предводи Сандер Сагосен. Целта на овој клуб е во следните две години да стане најдобар во земјата и да биде влијателен фактор во европскиот ракомет.

За Данците, државната програма за намалување на даночната стапка во земјата игра важна улога во одлуката за нивно враќање во татковината. Ракометарите кои играле десет или повеќе години во странство и имаат најмалку 9.500 евра месечни примања ќе имаат намалување на даночната стапка од 56% на 32%.

Овие причини можат да се истакнат како главни и најважни во одлуките на Никлас Ландин, Микел Хансен и Рамус Лауге Шмит да се вратат во Данска. Со овие трансфери најзагрижени би требало да бигат во Фленсбурт, клуб  кој подолг период се ослонува на скандинавски играчи, но сега ќе мора да се сврти кон други ракометари на пазарот.