Зоран Кастратовиќ на клупата на Ал Мудар од Саудиска Арабија

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ во новата сезона ќе има нов предизвик. Тој го презема шампионот на Саудиска Арабија, Ал Мудар.

Кастратовиќ минатата сезона имаше ангажман во Слобода Тузла во Босна и Херецеговина, а во Македонија седеше на клупата на Вардар, Металург и Пролет.

Претходно беше селектор на машката репрезентација на Црна Гора, а ја водеше и женската репрезентација на Македонија на Светското првенство во Италија во 2001 година.

56-годишниот стратег работеше и како селектор на Иран, а го водеше и Ал Џаиш. Во неговата татковина беше тренер на Беране и Сутјеска Никшиќ.

Со тимот од Саудиска Арабија, Кастратовиќ ќе биде дел од неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб што ќе се игра во Дамам.

Ал Мудар ќе биде дел од групата Б и ќе игра со египетскиот Ал Ахли и португалската Бенфика, а првопласираниот ќе обезбеди место во полуфиналето.