Златна лига: Франција ја растури ослабената Црна Гора, Норвешка лесно до триумф

Женските репрезентации на Франција и Црна Гора го одиграа првиот натпревар од турниро Златна лига кој се игра во Данска.

Ракометарките на Франција беа многу поуспешни и славеа убедлива победа од 29:13 против ослабената селекција на Црна Гора.

Франција имаше убесливо издание уште во првиот дел од натпреварот кога водеше 15:6. Ништо не беше поразлично и во продолжението кога на противничките им дозволија да постигнат само седум гола. На крајот убедливо триумфираше Франција со огромна разлика од 16 гола.

Вториот натпревар од Златната лига помеѓу Данска и Норвешка донесе речиси сличен епилог, но победата беше со помала разлика. Норвежанките имаа одлично прво полувреме во кое домаќинот Данска немаше шанси да се доближи. Добрата игра на Норвешка придонесе за високапредност на одмор од 16:8.

Ова беше доволно во продолжение да може да се одигра смирено и до крајот да се зачува високата предност и на крај да биде 28:21 со што е јасно дека победникот на турнирот ќе се бара меѓу Франција и Норвешка. Тој натпревар се игра в сабота од 13:45 часот.