Зечевиќ и Нолевска комбинираа 15 гола, шампионот одработи рутински против Шампион

Тимот на Куманово го задржа максималниот биланс во Женската лига и ја забележаа осмата победа во осмиот натпревар, откако дома беа убедливи против Шампион и славеа со 19 гола разика, 32-13.

Гостинките поведоа на стартот со 0-1, а потоа се беше во знакот на шампионот. По 5-3, серија од осум голови, најчесто од контранапади за 13-3 и веќе решен победник. До паузата избраничките на Александар Бојковски ја задржаа таа предност, 15-5.

Вториот дел беше само формалност. Шанса за настап добија оние со помала минутажа, но на теренот немаше промени, па Куманово рутински ја одработи задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сузана Зечевиќ со осум и Наташа Нолевска со седум гола, додека кај Шампион се истакна Нина Неделковска со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023