„Зебрите“ изневерени од фановите: Кил продаде само 2.000 билети за виртуелниот натпревар!

Раководството на новиот германски шампион Кил се обиде да ги вклучи своите навивачи за полесно надминување на финансиските проблеми предизивикани од пандемијата.

Тие ќе го емитуваат онлајн натпреварот кој досега бил најпосетен и пуштија билети во продажба.

Планирано беше да продадат повеќе од 12.361 што е најголем број на навивачи досега кои биле на еден натревар на Кил и да го срушат клупскиот рекорд поставен натпреварот против Гумерсбах во сезоната 2011/12. Сепак навивачите досега не одговорија на повикот и купени се само 2.076 билети.

И покрај тоа, оваа практика ќе продолжи да се применува и понатаму. Како резултат на оваа кампања се собрани 1.300 евра. Овие средства ќе бидат наменети за децата од семејства со ниски примања да можат да тренираат ракомет после коронавирусот.