За политички и религиозни транспаренти – казна од 6.000 евра!

Ракометниот Суд во Европската ракометна федерација донесе одлука по дисциплинската постапка што беше отворена против турскиот шампион Кастамону, за натпреварот во Турција од ЕХФ Купот против Шиофок одигра на 1 март оваа година.

Домаќинот не ги испочитува сите процедури пред почетокот на натпреварот и ќе плати висока казна од 6.000 евра.

Банер со политичка и религиозна содржина држеа домашните ракометарки кој се гледаше на ТВ преносот, а по поздравувањето со противничките ракометарки, домаќинките излегоа од теренот и ја пееја турската химна со навивачите.

Ракометниот Суд одреди казна од 2.000 евра за отворањето на мечот, а уште 4.000 евра за фрлањето на предмети на теренот од страна на домашните навивачи (хартија, пластични шишиња со вода) што беше причина за повеќе минутен прекин.