За баражот за СП: Ивана Гакидова се враќа во репрезентацијата на Македонија

Кружниот напаѓач Ивана Гакидова, која заедно со Моника Јанеска настапуваат во Коњалти, ќе биде во комбинација за настап на бараж двомечот против репрезентацијата на Украина.

Искусната ракометарка повеќе од една и пол година немаше репрезентативен повик, а не беше ниту во составот за Европското првенство во Скопје.

Гакидова во ,,црвено-жолтиот” дрес последно настапи на бараж натпреварите против Романија во 2021 година.

Оваа сезона игра во одлично светло во турскиот шампионат, но и на европска сцена.

Коњалти веќе со една нога се наоѓа во финалето од Европскиот Куп, додека на домашна сцена има големи шанси да ја освои титулата, со што би направил голем историски успех.

Голема заслуга за одличните резултати на Коњалти имаат токму Ивана Гакидова и Моника Јанеска.

Првиот дуел меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во Скопје, додека реванш средбата е закажана за 11 април во унгарскиот град Кишварда