Засилување во стручниот штаб пред ЕП – Ице Соколески ќе биде тренер на голманите на Македонија

Стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација ќе биде засилен со уште едно име пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Станува збор за Ице Соколески, кој ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров како тренер на голманската тројка – Митревски, Томовски и Кизиќ.

Соколески е млад стратег, на чекор до највисока лиценца Мастер Коуч, а одлично ја врши работата како тренер на голмани и во Еурофарм Пелистер.

Покрај Соколески, дел од стручниот штаб на Лазаров се Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангелов и Билјана Црвенкоска.

Македонија на ЕП ќе биде дел од групата А во Дебрецен и ќе игра против Данска, Црна Гора и Словенија.