Засилувањата од Хрватска пристигнаа во Битола и фаќаат залет (ФОТО)

Битола се загрева за враќање на во ракометен сјај, а после денешниот старт на вториот тим на Еурофарм Пелистер и во првиот полека се раздвижуваат работите.

Ракометарите кои доаѓаат од другите земји полека се чекираат во Битола така што деновиве ќе дојде до комплетирање, а стартот на тренинзите е најавен за в недела кога се очекува да биде првиот собир на екипата.

Во Битола веќе пристигнаа играчите од Хрватска, Стипе Мандалиниќ и Матео Мараш кои и одржаа индивидуален тренинг и објавија на социјалните мрежи. Допатуван во Битола е и тренерот Жељко Бабиќ така што сè е подготвено за старт и може да се очекува в сабота сите да бидат во строј на почеток од новата сезона.

Според предвиденото првите тренинзи ќе бидат во Битола, но веќе в понеделник екипата заминува во Маврово каде што ќе работи во следните две недели.

Екипата на Еурофарм Пелистер влезе директно во групната фаза од Лигата на Европа така што и сезонава ќе има интересни меѓународни натпревари во салата „Боро Чурлевски“.