Започна новата ера во машкиот ракомет, Лазаров ги собра сениорите (ФОТО)

Селекторот Кире Лазаров ја имаше првата прозивка на повиканите ракометари пред двомечот од квалификациите за ЕП против светскиот првак Данска.

Заедно со новиот стручен штаб – Јоновски, Миркуловски, Црвенкоска и Ангеловски, Лазаров ќе го подготвува нациоанлниот тим за големиот предизвик.

На првиот собир од повиканите 23 ракометари не беа присутни оние што викендов имаат клупски обврски, а репрезентацијата би требало да биде комплетна за тренинзите во понеделник.

собир репрезентација

Првиот натпревар со Данска ќе се игра во Скопје на 11 март од 20:00 часот, додека вториот е во Алборг на 14 март од 16:00 часот.