Заедно со уште неколку доброволци: Манасков се врати на тренинг со Веспрем (ФОТО)

Поминаа два месеци откако ракометарите на Веспрем го одиграа последниот натпревар пред да биде прекината сезоната.

Во Унгарија полека се олабавуваат мерките, па веќе е дозволено да се тренира групно. Давид Дејвис започна да одржува тренинзи со ракометарите кои ги има на располагање, но најверојатно ќе помине уште доста време пред да го одржи првиот тренинг со сите играчи планирани за следната сезона.

Присуството на сегашните тренинзи не е задолжително, туку е по желба на играчите. Меѓу играчите кои започнаа да тренираат е и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Многу странски играчи заминаа во своите домови и земји кога беше објавен крај на сезоната. Според проценките на луѓето од Веспрем ќе бидат потребни уште околу два месеци додека да почнат да тренираат редовно со сите играчи, а во овој момент недостасуваат Македа, Коралес, Маркусен, Цупара, Мораес, Јахија, а треба да се приклучи и Шишкарев.