Загревањето за Црна Гора почна, Дебрецин ечи од македонски песни (ВИДЕО)

Неколку стотини навивачи на Македонија беа вчера присутни на трибините во „Феникс Арена“ во Дебрецин за поддршка на нашата репрезентација.

Се очекува нивната бројка да биде уште поголема на утрешниот натпревар против Црна Гора, а селекцијата што ќе победи останува во игра за место во главната рунда.

Оние што се присутни во Дебрецин, веќе почнаа со загреваањето за натпреварот против ривалот над кој имаме два триумфа на ЕП.

Македонски песни ечат и атмосферата веќе се загрева во ладниот Дебрецин…