Загреб ја испоти Барселона, но Каталонците не знаат за грешка

Ракометарите на Барселона дојдоа и до 11. победа во 11. натпревар од Групата Б во Лигата на шампионите откако денеска се намачија на гостувањето кај тимот на ППД Загреб, но си заминаа со триумф од 37:33.

Домашните покажаа голем напредок во играта, но недоволен за да можат да се надеваат на нешто повеќе. Одиграа добро на почетокот и на првото и на второто полувреме. Имаа подобра игра од противникот, но не и сила за да издржат 60 минути во исто темпо. Место тоа капитулираа, па останаа последни во групата без бодови.

ППД Загреб тргна силно и имаше 7:5, но тука следуваше серија од 5:0 за гостите кои стигнаа до предност од 10:7 и потоа следуваше комплетна контрола на играта во првото полувреме и постојана предност од 5-6 гола разлика. Сепак, на одмор се замина со водство од три гола за гостите од 21:18.

Вториот дел имаше одново квалитетна игра за домашните кои израмнија на 23:23, а имаа и 24:24 и напад за водство. Тука Јанц пресече и од контра донесе предност и сето она што беше добро во редовите на Загреб наеднаш го снема. До крајот Барселона одигра опуштено и со мирна игра ја запечати судбината на противникот и освои нови бодови и сега има 22 поени од 11 одиграни средби.

Јанц, Арињо и Фабрегас беа најефикасните во редовите на Барселона со по пет гола додека во ППД Загреб, Граховац беше прв стрелец со шест погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140