Загреб се засили со среден бек

Хрватскиот првак Загреб донесе уште еден ракометар откако стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите.

„Плинарите“ иако навидум имаат покомпактен ростер во споредба со лани, сепак играа многу лошо во пријателските натпревари.

Покажаа подбра игра на Ф4 во СЕХА, но сите слабости ги покажаа во ЛШ на дуелот против Кил.

Затоа управата реагираше и го засили тимот со среден бек. Станува збор за Иван Лалјек, кој доаѓа од Горица и потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжен на две сезони.

Тој ќе биде во ростерот на тимот предводен од Игор Вори, кој ќе му гостува на Веспрем во второто коло од Лигата на шампионите.