Загреб ангажираше уште едно десно крило

Откако Јосип Божиќ Павлетиќ замина во бундеслигашот Гепинген, хрватскиот првак Загреб мораше да бара нов играч на таа позиција.

Тренерот Ивица Обрван до крајот на оваа сезона ќе смета на услугите на младиот Филип Периќ, кој се договори за соработка со „плинарите“.

Периќ во хрватскиот првак доаѓа од тимот на Пореч, а во Загреб ќе формира дуо со Владо Матановиќ, уште еден млад играч на таа позиција.

На лето во Загреб се враќа и Иван Чупиќ, кој договори соработка на три сезони.

На Загреб не му оди добро во Лигата на шампионите и досега на 12 меча има 12 порази, а во последните две кола ривали ќе му бидат Веспрем и Кил, па тешко е да се надева на бодови.