Заврши престојот на Елена Ѓорѓиевска во Подравка, се враќа во Романија

Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Романските медиуми најавуваат дека досегашната ракометарка на хрватската Подравка е на добар пат да го засили тимот на Магура Чиснадие.

Романија не е непозната средина за Ѓорѓиевска, со оглед на тоа што ги носеше дресовите на Баја Маре и Крајова.

Во меѓувреме освен за Металург, Еуростандард и Кометал Ѓорче Петров, нашата репрезентативка играше и за Будуќност и унгарскиот Фехервар.