Заврши паузата за Митревски и колегите – Порто почна со подготовките за новата сезона (ФОТО)

Шампионот на Португалија, Порто пред два дена ги почна подготовките за престојната сезона и веќе се фаќа ритам за натпреварите кои ќе следуваат во новиот шампионат.

Екипата речиси е комплетна за новиот предизвик на домашна и меѓународна сцена и не е исклучена опцијата за уште еден нов ракометар во клубот.

На подготовките се придружи и репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски кој имаше одлична сезона меѓу стативите на екипата од Португалија, а се очекува да биде така и во шампионатот кој следува.

Во Лигата на шампионите, Порто ќе игра во групата Б, а негови противници се: Барселона, ПСЖ, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Мотор и Фленсбург.