Во Унгарија забрането играње пријателски натпревари со странски екипи

Откако десет ракометарки на женскиот клуб Вац и една на Бекешчаба, беа позитивни на коронавирус, се огласи унгарската ракометна федерација.

Таа им препорача на сите екипи, независно дали веќе почнале или допрва ќе почнуваат со подготовките, да не играат пријателски натпревари со екипи од странство.

По оваа одлука, ќе пропаднат многу планови на Шиофок, ФТЦ, Ѓер, кои имаа договорени средби со романски, хрватски и словенечки екипи.

Веројатно и ПИК Сегед ќе мора да ги промени плановите и наместо на подготовки во словенечката Рогла, ќе остане во Унгарија.