ЖРК Алушовски и Овче Поле СУ во бараж за Куп на Македонија

Екипите на ЖРК Алушовски и Овче Поле СУ на 26 или 27 февруари ќе се најдат на терен, а натпреварот ќе биде во рамки на Купот на Македонија.

Со оглед на тоа што планот е во четврт-финалето да има четири групи со по три екипи мора две екипи да одиграат бараж за пополнување на списокот. Таму се најдоа тимовите кои на табелата во Женската лига се позиционирани на 12. и 13. место.

Според ждрепката мечот ќе се игра на терен на ЖРК Алушовски, а победникот ќе се приклучи во четврт-финалните групи каде се другите 11 екипи. Таму ќе има четири групи со по три тима, а ждрепката ќе биде направена напролет бидејќи тие дуели се најавени за во април.