Жестоко беше на дербито во Романија, ЧСМ ја победи Валчеа – тренерите се степаа!

Во 18. коло од првенството на Романија се играше дербито кое имаше голема важност во борбата за титулата. ЧСМ Букурешт триумфираше против Валчеа со 23:22, а по натпреварот имаше инцидент помеѓу тренерите.

Важноста на натпреварот донесе многу тензија на теренот, која се префрли и на клупата. Веднаш по завршувњето на мечот помошникот на ЧСМ Букурешт, Пер Јохансон и тренерот на Валчеа, Флорентин Пера, влегоа во жестока расправија и имаа близок контакт, но поголем инцидент беше спречен од страна на ракометарките на двете екипи.

Со оваа победа ЧСМ Букурешт се израмни по бројот на бодови со Влчеа на првата позиција, но има еден натпревар помалку и влегува од пол позиција во борбата за титулата.

По мечот тренерот на ЧСМ, Адријан Василе истакна дека останатите натпревари од првенството се уште поважни од овој, но сепак јасно е дека ова беше директен дуел за првата позиција во првенството на Романија. Тешко е да се верува дека ЧСМ Букурешт до крајот на сезоната ќе си дозволи кикс против објективно послабите противници со што би ја загубиле титулата повтроно.