Жерар ја откажа Србија – Франција моќно оди во главната фаза

Репрезентацијата на Франција во директниот дуел со Србија за пласман во главната рунда покажа сила, одигра фантастично прво полувреме и убедлов триумфираше на крајот со 29:24 и пренесе два бода во следната фаза.

Неизвесноста на овој натпревар траеше многу кратко, после почетните 3:3 во продолжението Франција имаше целосна доминација на теренот. Следуваше серија од 6:1 на Французите за високо водство од 9:4 во 15. минута.

Венсан Жерар беше неверојатен во првото полувреме и собра десет интервенции, а неговата блескава партија соиграчите знаеја да ја искористат. Србија имаше многу потешкотии во нападите, промашуваа и од изградени позиции, а сите грешки Франција немилосрдно ги казни.

До крајот на првото полувреме Французите ги решија сите дилеми околку победникот, во 26. минута имаа двоцифрена предност од 15:5, а на полувремето водеа 16:7. Продолжението беше формалност, Франција играше без многу напор и сигурно го водеше натпреварот кон триумф.

Србија во завршницата успеа да го ублажи поразот, но сепак со само една победа го завршува првенството во групната фаза. Најефикасен во победничкио тим беше Кентан Мае со шест гола, а пет постигна Дика Мем додека Жерар собра 12 интервенции. Во тимот на Србија, Богдан Радивојевиќ беше најефикасен со седум гола.

17 јануари 2022
29 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 јануари 2022 22:08 EURO22 C 2021/2022 17.01.2022 60'

Место

„СЕГЕД УЈ“ АРЕНА СЕГЕД

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ФРАНЦИЈА1629Победа
СРБИЈА725Пораз

ФРАНЦИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јанис Ленедесно крило03
4Ајмерик Минцентрален бек03
7Ромеин Лагардцентрален бек10
9Мелвин Ричардсондесен бек11
10Дика Мемдесен бек05
11Николас Турнапивот12
12Винсен Жерардголман00
13Никола Карабатиќцентрален бек12
14Кентин Маецентрален бек06
23Лудовик Фабрегаспивот00
24Весли Пардинголман00
25Уго Дескалево крило02
28Валентин Портдесен бек02
29Беноа Конкудесно крило02
31Дилан Нахилево крило01
34Карл Конанлев бек10
 Вкупно 529

СРБИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Милан Бомаштарголман00
6Урош Борзашлев бек01
8Стеван Сретеновиќлев бек21
10Дарко Ѓукиќдесно крило01
13Живан Пешиќпивот00
17Богдан Радивојевиќдесно крило07
20Драган Пешмалбекпивот12
21Вања Илиќлево крило00
24Лазар Кукиќцентрален бек04
28Младен Шотиќлево крило02
33Мијајло Марсениќпивот04
36Милош Орбовиќдесен бек10
37Данило Радовиќлев бек00
39Марко Милосављевиќлев бек02
76Владимир Цупараголман00
90Тибор Иванишевиќголман01
 Вкупно 425

ЕП 2022, ГРУПА Ц – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1УНГАРИЈА33006
2ИСЛАНД31113
3ЦРНА ГОРА31022
4СРБИЈА30121