Женската лига ќе стартува на 16 септември, ќе играат 14 екипи

На вчерашното Собрание на Ракометната федерација на Македонија беше потврден стартот на Женската лига и системот на натпреварување.

Како што најави 24Ракомет на почетокот на јули, Женската лига во новата сезона ќе брои 14 екипи, а ќе се играат 26 кола. Во споредба со ланската сезона, нема да играат Металург и Кузман Вардар, а има еден нов тим – Металург Автокоманда.

За разлика од досегашните сезони, во претстојната сезона нема да има разигрување за титула и опстанок, и секој ќе игра со секого. Ќе се доделуваат по два бода за победа, а еден за реми.

Предвидено е женскиот ракометен шампионат да стартува на 16 септември, а првиот дел ќе трае до 23 декември.

Вториот дел од сезоната ќе продолжи на 17 февруари, а планирано е да се финишира до крајот на месец мај 2024 година.

Завршниот турнир во Купот ќе се игра на 18 мај 2024 година, а следната недела ќе се одржи ждрепката за новата сезона, по што ќе биде познат и распоредот.