ЕХФ шампионат младинци: Швајцарија убедливо против Украина, Израел ја оствари втората победа

Во рамки од 2. коло на ЕХФ шампионатот за младинци, кој се одржува во Варна, беа одиграни вкупно 4 натпревари, два натпревари од групата А и два натпревари од групата Б. Победа во денешните натпревари остварија репрезентациите на Швајцарија, Литванија, Израел, како и репрезентацијата на Македонија.

Покрај мечот на Македонија и Косово, во нашата група се одигра и дуелот меѓу Швајцарија и Украина. Репрезентацијата на Швајцарија без многу проблеми дојде до триумф од 34:24 (14:14). Слободна во првото коло од групата Б беше репрезентацијата на Романија.

Израел е на добар пат да го освои првото место во групата Б, откако во вториот натпревар триумфираше против Велика Британија со 12 гола разлика, 33:21 (13:10). Ракометарите на Израел на првиот натпревар во Варна беа подобри и од репрезентацијата на Луксембург со 32:26.

Во споменатата група, Литванија во својот прв натпревар оствари победа над Луксембург, триумфираше со 26:22 (14:11). Грција беше слободна во второто коло од групата А.

ЕХФ шампионат, младинци, резултати 1 коло:

група А

Велика Британија – Израел 21:33 (10:13)

Луксембург – Литванија 22:26 (11:14)

група Б

Косово – Македонија 21:51 (11:21)

Украина – Швајцарија 24:34 (14:14)