ЕХФ шампионат: Италија е во полуфинале, на чекор до квалификации за СП во Македонија

Денеска се одиграа натпреварите од четвртото коло на ЕХФ шампионатот за младинки што се одржува во Приштина.

Во групата А, Италија славеше убедливо против Велика Британија и го потврди местото во полуфиналето.

Финска и Словачка одиграа реми, па и двете селекции останаа во игра за второто место во групата што ќе го даде вториот патник во полуфиналето. Утре Финска игра со аутсајдерот Косово, додека Словачка ќе игра со фаворитиот Италија.

Во групата Б, Австрија и Полска се пласираа во полуфиналето на коло до крајот.

Победниците на ЕХФ шампионатите во Косово и во Литванија ќе играат квалификациски турнир за младинското СП во Македонија.

ЕХФ шампионат Косово, младинки, 4 коло, резултати:

Италија – Велика Британија 37-21
Финска – Словачка 32-32