ЕХФ си даде уште еден ден за одлука – 12 екипи во исчекување до утре (ФОТО)

Тимовите кои се имаат пријавено за учество во Лигата на шампионите и очекуваат вајлд-карта од страна на Европската ракометна федерација ќе останат во неизвесност до утре бидејќи рокот за одлука е продолжен за еден ден.

Вкупно 12 екипи се на списокот за шест места така што одлуката ќе биде тешка. На списокот на тимови кои чекаат позитивен одговор од ЕХФ се наоѓат многу добро познати екипи. Во трка за место во групната фаза од Лигата на шампионите се наоѓаат: Мешков Брест (Белорусија), ГОГ (Данска), Монпелје (Франција), Веспрем (Унгарија), Елверум (Норвешка), Висла Плоцк (Полска), Спортинг (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Горење (Словенија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Савехоф (Шведска) и Мотор (Украин).

Последните информации се дека утре ќе биде донесена одлука за екипите кои ќе им се приклучат на десетте тимови со загарантирано место поради рејтингот на земјите во Лигата на шампионите.

Директно место имаше за Вардар (Македонија), ППД Загреб (Хрватска), Алборг (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Кил (Германија), Флензбург (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Келце (Полска) и Порто (Португалија). Германија има две места меѓу оние кои имаат загарантирано место во ЛШ поради тоа што вториот тим е со место поради високиот рејтинг на Германија во Лигата на Европа.

Во групната фаза од Лигата на шампионите место има за 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи од по осум.