ЕХФ ранг листа: За Вардар нема место во ТОП 10, но има за Динамо Букурешт, Бидасоа….

Европската ракометна федерација ја објави ранг листата на ТОП 10 клубови во елитната Лига на шампиони по одиграни пет кола.

На врвот заслужено се наоѓа бундеслигашот Кил, кој победи кај Вардар, Веспрем и Монпелје, и се чини дека го обезбеди првото место и во групата.

Следуваат Барселона и ПСЖ на второ и трето место, па Алборг, Монпелје, и двата унгарски претставници – ПИК Сегед и Веспрем.

За Вардар нема место во ТОП 10, но има за Порто, Бидасоа и Динамо Букурешт. ЕХФ и лани не веруваше во нашиот тим, па „црвено-црните“ стигнаа до титилата во Келн.

Следен предизвик за македонскиот првак ќе биде белорускиот првак Мешков Брест, против кој мора да се забележи победа.