ЕХФ потврди: Македонија ќе го отвори ЕП на стадион, еве ги саатниците за сите натпревари!

Европската ракометна федерација го потврди распоредот на натпреварите во групната фаза на Европското првенство 2024 година во Македонија.

Македонија на првиот ден на 10 јануари ќе игра со Франција од 18:00 часот на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф пред повеќе од 50.000 фанови.

Германија и Швајцарија ќе го одиграат вториот меч во Диселдорф од 20:45 часот истиот ден.

По овие два меча ќе има четири дена пауза, па на 14 јануари избраниците на Кире Лазаров ќе играат против Германија на 20:30 часот.

Последниот натпревар од групната фаза, Македонија ќе го одигра против Швајцарија на 16 јануари од 18:00 часот.