ЕХФ потврди, дуелите на Вардар против ПСЖ и Порто се официјално одложени

Средбите на Вардар против ПСЖ на 1 декември и против Порто на 4 декември и дефинитивно се одложени поради тоа што дел од ракометарите на Вардар се позитивни на Ковид 19.

Со оглед на тоа што ќе мораат во десетдневен карантин сосема извесно е дека овие два дуели нема можност како да се одиграат, па затоа останува да добија нови термини.

Дуелот со ПСЖ требаше да сe одигра минатиот месец, но и тогаш мораше да биде одложен. Сега имаше шанса прво да се гостува во Париз и да биде одигран овој заостанат натпревар, а потоа и во Порто во натпреварот според распоред.

Сепак, новата ситуација ги спречува „црвено-црните“ да патуваат во Франција и Португалија, па останува дополнително да биде познато кога ќе бидат одиграни овие средби.

Вардар досега има одиграни пет натпревари, а има четири одложени. Од одложените средби треба да гостува кај Пик Сегед, ПСЖ и Порто, а треба да го пречека и Елверум.